Новинарот Фуркан Салиу, заедно со неговиот снимател денеска се приведени за време на фудбалски натпревар во селото Коњаре
По веста за приведувањето на новинарот Фуркан Салиу, СДСМ најави вонредна прес-конференција за 19:30 часот.
„Ве известуваме дека денес 07.04.2024 (недела) со почеток во 19.30 ч. пред полициска станица Гази Баба во населба Автокоманда, вонредна прес-конференција ќе одржи Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ“,
се вели во најавата на СДСМ.
Како што претходно објавивме, Салиу денеска е приведен за време на фудбалски натпревар во селото Коњаре.
Од Министерството за внатрешни работи официјално за „360 степени“ кажаа дека ќе ги проверат наводите за апсењето и подоцна ќе се произнесат.
Извор од МВР за „360 степени“, пак, рече дека Салиу е приведен затоа што „физички ги нападнал полицајците”, што се смета за напад врз службено лице.
Видео од приведувањето може да погледнете овде.