Трамп го спомнал Бајден 316 пати за 50 дена – речиси секогаш во негативен контекст

од Даниел Ѓорѓиевски
18 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп го спомнал името на својот претходник, Џозеф Бајден, најмалку 316 пати во првите 50 дена од својот мандат, речиси секогаш во негативен контекст, пишува „Њујорк Тајмс“.

Трамп го споменувал Бајден почесто отколку Украина, за која зборувал 237 пати, или Израел, кој го спомнал 62 пати во истиот период. Сепак, зборот „царина“ јавно го употребил дури 407 пати, наведува весникот.

Анализата на „Њујорк Тајмс“ покажува дека во првите 50 дена од неговото претседателствување, Трамп го споменувал Бајден во просек 6,32 пати дневно.

Слични содржини