ТЕРА

REKLAMA???

ВЕЧЕРВА МИТИНГ НА СДСМ ПРЕД МУЗЕЈОТ ВО БИТОЛА

Мини митинг на битолската СДСМ со носителот на листата Јован Митрески и коносителката Бисера Костадиновска-Стојчевска вечерва кај фонтаната пред Завод и музеј во Битола.

„Нашата борба и нашиот предизвик е да создадеме модерна и интегрирана држава, отворена кон светот, држава која ќе ги задржи младите дома и ќе им отвори европска перспектива. Немаме време за губење, ниту за чекање. Нашите граѓани виделе и сѐ уште гледаат лажни пророци кои градат кариери на популизам и национализам. СДСМ има реален и остварлив план за подобра иднина, за иднина која нуди повеќе за сите и во која секој граѓанин чувствува сигурност“ е пораката која деновиве до гласачите ја упати Костадиновска-Стојчевска.

„На овие избори одлучуваме дали продолжуваме напред, кон интеграција и развој или се враќаме назад кон нови поделби, меѓуетнички тензии и стагнација“ е пораката која деновиве до гласачите ја праќа носителот на листата Јован Митрески.

На митингот освен Митрески и Костадиновска-Сојчевска, свое обраќање ќе има и кандидатот за пратеник Илиевски.