Вести Економија Македонија Топ вести

Осигурителните компании до крајот на денот да ги вратат старите пониски цени на полисите за возилата

Осигурителните компании да ги вратат старите цени за полисите до крајот на денот, ова било предложено на денешниот состанок во финансии кои следи откако фирмите од овој бизнис пред неколку дена одлучија да ја поскапат полисата за возилата.

На средбата освен од финансии присутни беа  и од АСО, но и првиот човек на Националното биро, Латиновски.

Но, дали за осигурителните компании e прифатливо враќањето на старите цени, одговор од Националното биро не успеавме да добиеме затоа што од министерството наместо од главниот си заминаа од  споредниот излез. За она што се случувало на двочасовната средба,  допис достави  финансии.

Пред состанок пак , Латиновски кусо кажа дека по средбата компаниите ќе го кажат нивниот став и дека ништо повеќе не може да додаде.

Според,  неофицијални информации, ако осигурителните компании не ја вратат старата пониска цена на полисите, утре на Влада ќе биде доставен предлог за носење на нов тарифник со кој дирекно ќе се намалат.

Освен враќање на цените,  во дописот од финансии се вели дека и Агенцијата за супервизија на осигурувањето треба да направи анализа дали е оправдано да поскапи оваа полиса, иако од Агенцијата  претходно реагираа дека тоа  е неосновано.

Минатата недела осигурителните компании одлучија да ја зголемат цената за задолжителната осигурителна полиса за 15, 4 проценти. Образложението беше дека оваа цена не е  променета повеќе од 10 години, а трошоците во овој бизнис се пораснати.

На ова експресно реагираа од АСО, но се побара и од Комисијата за заштита на конкуренцијата да провери дали ова е фер однос на пазарот од страна на осигурителните компании.

Инаку, според податоците минатата година за провизии за продавачи кои  ги ангажираат компаниите за осигурување исплатени се 11, 5 милиони евра. Ова осигурување е задолжително, неговата цена е регулирана и ја утврдува државата, па се поставува прашањето зошто компаниите од овој бизнис имаат потреба од вакви посредници кои ги плаќаат.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спектаклот „ Валкира“ од Вагнер за прв пат пред македонската публика на 52 „ Мајски оперски вечери“

Дејан Дејан

Најмалку пет загинати и седум повредени – израелски тенкисти по грешка гаѓале израелски падобранци

Дејан Дејан

Стабилна состојба, но сериозна – словачкиот премиер Фицо е на интензивна нега по обидот за атентат и петчасовната операција

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе