21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Изборите се крстопат – Северна Македонија во ЕУ до 2030 или стариот филм што го гледавме 11 години

„Изборите ќе бидат еден вид на крстопат, една пресвртна точка по која што или ќе одиме во правец на членство на Северна Македонија во ЕУ до 2030 година или ќе одиме во еден стар филм кој што го гледавме 11 години“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за „Локално“.

Тој додаде дека и на Мицкоски му е јасно дека единствен начин земјата да ги продолжи преговорите за членство е веднаш после изборите да бидат прифатени амандманите за уставни измени.

Вицепремиерот додаде дека Мицкоски не може да прави никакви договори со европските дипломати, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ нема да има шанса да формира политичка влада.

„Владата ќе ја формираат и водат мнозинските проевропски и демократски политички сили во земјава“ рече Маричиќ.

Спонзорирано: