НовостиСветот на работникот

ТИЕ КРАТАТ, НИЕ ЗГОЛЕМУВАМЕ: Земјите од Европа го намалуваат работното време

   Време за читање 4 минути

Бобан Илијевски

Во Европа, па и во светот, се повеќе земји се одлучуваат да го намалат работното време, од сегашните 40 на 32 часа, односно воведуваат четиридневна работна недела. Дел од нив пак, како на пр. Белгија, им овозможуваат на вработените да работат четири дена по 38 часа.

И Евро-комесарот за вработување и социјални права, Николас Шмит посочи дека е за намалување на работното време на целата територија на Европската унија, потенцирајќи дека дали истото ќе се оствари ќе зависи од синдикатите и работодавачите во самите земји членки, со оглед на тоа дека се работи за национално прашање.

Додека државите во Европа чекорат кон иднината, една земја лоцирана на Балканскиот полуостров се решава да се врати 150 години во минатото и да го зголеми работното време на 60 до 72 часа. Оваа земја се нарекува Македонија

Седум земји во Европа со четиридневна работна недела

Исланд (2014-2021)

Експериментирањето на четиридневната работна недела се одвивало помеѓу 2015 и 2019 година, а истото било иницирано од страна на Советот на Градот Рејкјавик и Владата на Исланд.

2,500 работници или повеќе од 1 % од работната сила во државата од 40 работни часа преминале на 35 или 36 неделно, без притоа да им се намалат платите.  

Шпанија (предложена на 1 септември 2021)

По формирањето во 2019, прогресивната политичка партија „Мас Паис“, во својата платформа ја вклучила и четиридневната работна недела, по што ја предложила пред Владата на Шпанија, која ја одобрила во јануари.

Иако има специфики за сѐ уште не е одлучено, пилот-програмата започнала во септември и треба да трае три години. За неа биле издвоени 50 милиони евра од Европската унија, пари кои биле наменети за 200 компании кои го намалиле работното време на нивните вработени на 32 часа, без да им ги намалат платите.

Шкотска (3 септември 2021)

Одлуката била резултат од кулминацијата на ветувањето за време на кампањата од страна на владејачката Шкотска национална партија. Работните часови на работниците биле намалени за 20 %, без притоа да им бидат намалени платите. Програмата била финансирана од партијата и за неа биле издвоени 10 милиони фунти (13.8 милиони американски долари).  

Ирска (31 октомври 2021)

20 компании се пријавиле за шестмесечниот пилот-проект кој вклучувал експериментирање со намалување на работните часови кое започнало во февруари 2022 година.  

Велика Британија (18 јануари 2021)

Пилот проектот за воведување на четиридневна работна недела започнал во јуни 2021. Во него биле вклучени 61 компанија и повеќе од 3,300 работници. Фирмите за време на шестмесечното тестирање на своите вработените им го намалиле работното време на 32 часа, без притоа да им ги намалат платите или бенефициите.

92 % од компаниите решиле да ја спроведат четиридневната работна недела.

Белгија (15 февруари 2022)

Во февруари минатата година, белгиските работници го добиле правото работната недела да им изнесува четири дена, наместо вообичаените пет, без да имаат намалување на платата.

Законот стапил на сила на 21 ноември, овозможувајќи им на вработените да се одлучат дали ќе сакаат да работат четири или пет дена во неделата.

Но, тоа не значи дека ќе работат помалку – туку дека ќе ги „втиснат“ работните часови во помалку денови.

Литванија (21 април 2022)

Литванија е последната земја која експериментирала со четиридневна работна недела, благодарение на Законот донесен од креаторите на политиките на 21 април 2022.

Новиот Закон, кој започнал да се применува од оваа година, им овозможува на вработените во јавниот сектор кои имаат деца под три години да можат да работат 32 часа неделно без да им биде намалена платата. Стандардната работна недела во Литванија е 40 часа.

Во Македонија во просек се работи 39.6 часа, покажуваат последните податоци на Евростат од 2020 година.

Фото: Canva/Getty Images

Бобан М. Илијевски

Новинар за работни односи, кариера и човечки ресурси