Кулеба го повика Западот да испрати системи за воздушна одбрана „Патриот“ во Украина

Од:

Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба денеска ги повика западните земји да и обезбедат на Украина системи за противвоздушна одбрана „Патриот“ бидејќи, како што наведе, тоа се оружје што очајно му е потребно на Киев.

„Дајте ни ги проклетите „Патриот“. Ако имавме доволно системи за противвоздушна одбрана, или „Патриот“, би можеле да ги заштитиме не само животите на нашиот народ, туку и нашата економија од уништување“, рече Кулеба на онлајн прес-конференција.

Тој додаде дека ракетите ќе помогнат да се подобри ситуацијата на линијата за контакт, каде, според него, руските авиони масовно користат наведувани бомби, пишува „Украинска Правда“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Вреќа со компир му го спаси животот на руски војник од украински дрон „камиказа“

Руската армија ја презеде контролата над Новобахмутовкa

Руските власти тврдат: Три лица загинаа во украинско гранатирање

Руската воздушна одбрана тврди дека соборила 17 украински беспилотни летала

Горан Наумовски

Зеленски најави кога очекува голема руска офанзива

Руската православна црква нема да повика на велигденско примирје со Украина