Дортмунд од молк до „експлозија“, Борусија е меѓу најдобрите четири во Европа! (ВИДЕО)

Борусија Дортмунд после 11 години е во полуфиналето во Лигата на шампионите, откако во неверојатен меч го елиминираа Атлетико Мадрид со вкупни 5-4. Фантастична вечер во Дортмунд кој во еден момент „замолкна“ откако Атлетико се врати од негатива од 2-0 и стигна до 2-2, но потоа блицкриг на домашните со кој се пласираа меѓу најдобрите четири.

Бранд во 34. минута донесе предност за Борусија Дортмунд, а потоа и Матсен придонесе Дортмунд да „експлодира“.

На почетокот на вториот дел Симеоне се реши направи три замени, и тоа донесе резултат. Најпрво Хумелс си постигна автогол во 49. минута од средбата, а потоа лошата одбрана придонесе Кореа во 64. минута да го израмни резултатот и да го замолкне Дортмунд.

И кога се чинеше дека психолошката предност е на страната на Атлетико, во 71. минута нова „експлозија“ на трибините, откако Филкруг носи ново водство за 3-2. Недолго потоа и Сабицер се запишува во листата на стрелците за 4-2.

Филкруг има супер шанса за 5-2 и конечен печат, но не реализираше ситуација еден на еден. Но, на крајот „милионерите“ успеаја да се одбранат и така да слават полуфинале после 11 години пауза.

Борусија Дортмунд во полуфиналето оди на мегдан со ПСЖ.

Се вчитува...