Следете не

Спорт

Македонската фудбалска репрезентација до 18 години во одличен меч оствари убедлива победа против Естонија

Објавено пред

на

©ФФМ

Младата репрезентација на Македонија до 18 години во одличен меч оствари убедлива победа со 3:0 над соодветната селекција на Естонија во рамките на второто коло од силнот меѓународен турнир во турска Анталија.

Избраниците на селекторот Вујадин Станојковиќ одиграа еден квалитетен натпревар, сигурен, со дисциплинирана игра и голема желба за победа. Естонија беше надиграна во сите сегменти на овој натпевар.

Извонреден на овој натпревар беше Алтин Алији кој ги постигна сите три погодоци за Македонија.

Првиот гол нашиот фудбалер го постигна во 36. минута од средбата по голема иницијатива на нашата репрезентација. Алтин Алији во 58. минута, со својот втор погодок го зголеми водството за својата селекција, а третиот погодок го постигна во 74. минута од средбата.

Нашите млади фудбалери покрај трите погодоци, пропуштија уште неколку иззгледни можности за погодок.

Македонија: Спаско Ахтаров, Габриел Крстевски, Андреј Љубевски, Нуман Ајетовиќ, Адриан Незири, Давид Ристовски, Матеј Гаштаров, Никола Манојлов, Алтин Алији, Веби Ислами, Стефан Младеновски

Додека младата репрезентација на Македонија до 19 години загуби со 2:0 од соодветната селекција на Швајцарија во натпреварот од 2. коло од мини квалификацискиот турнир (Елитна фаза) за пласман на Европско првенство. Избраниците на селекторот Тони Јакимовски имаа свои шасни на овој натпревар, но реализацијата изостана. Противникот одигра тактички одличен меч, без да остават поголем простор за игра на нашите офанзивни фудбалери. Никола Величковски, Лорик Каба и Мартин Ѓоргиевски беа играчи кои најчесто се закануваа по голот на Швајцарија.

По еден гол беше постигнат во двете полувремиња. Капитенот Жуниор Луке ја донесе Швајцарија во предност од 1:0 во 12. минута, искористувајќи го невниманието на нашите фудбалери. Македонија во првиот дел се трудеше, но тешко наоѓаше простор да се закани по голот на одличниот противникот.

Во продолжението од средбата, во 80. минута Стојилевски во својот шеснаесетник направи прекршок на противнички игра, а главниот судија досуди пенал. Сигурен од белата точка беше Ромео Бенеј , кој ги постави конечните 2:0.

Мини – квалификациски турнир (Елитна фаза), тренинг центар „Петар Милошевски”;

Репрезентации до 19 години;

1. коло;

Македонија – Швајцарија   0:2 (0:1);

МАКЕДОНИЈА: Петар Јакимов, Андреј Велков, Ѓорѓе Џеков, Марко Стојилевски, Лорик Каба, Адриан Зенделовски, Мартин Ѓорѓиевски, Димитар Данев, Андреј Аризанкоски, Теодор Николовски, Никола Величковски

Резерви: Љупче Џеков, Лорик Мухтари, Даниел Марковски, Зани Назифи, Давор Серафимов, Валон Алији, Хакија Цаноски

Селектор: Тони Јакимовски

Во вториот натпревар од денешната програма, на стадионот во Ѓорче Петров, селекцијата на Украина ја забележа втората победа во овој квалификациски циклус, славејќи над Летонија со 3:0.

Во последното трето коло, Швајцарија и Украина во директен дуел ќе одлучуваат за првото место и кој ќе се пласира на Европското првенство. Македонија против Летонија ќе се обиде да ја оствари првата победа во оваа Елитна фаза квалификации.

Спорт

Пламенот на Олимписките игри кои летово ќе се одржат во Париз, официјално предаден на организаторите на игрите

Објавено пред

на

ФОТО: screenshot/youtube

Пламенот на Олимписките игри, кои летово ќе се одржат во Париз, вчера беше официјално предаден на француските организатори на Игрите на стадионот во Атина, каде во 1896 година се одржаа првите модерни игри.

Грчкиот ватерполист Јанис Фунтулис, последниот во низата факели низ Грција, го запали пламенот на стадионот Панатинаикос, а потоа пламенот му беше предаден на шефот на Олимписките игри во Париз, Тони Естанге.

Во сабота, Пламен ќе отпатува за Франција со едрилица од 19 век преку Средоземното Море, за да стигне до Марсеј 12 дена подоцна. Пламенот бил запален на 16 април во Олимпија, каде што се одржувале античките игри од околу 776 година п.н.е. до 393 година од нашата ера.

Олимпискиот оган преку ноќ ќе биде поставен во амбасадата на Франција, а во сабота, односно денес со брод од пристаништето Пиреја ќе биде пренесен во Марсеј. Пламенот треба да пристигне во Марсеј на 8 мај, а потоа преку Франција ќе патува до Париз, каде ќе се одржи церемонијата на отворање на Игрите.

Олимписките игри ќе траат од 26 јули до 11 август, а потоа и Параолимписките игри.

Прочитај повеќе...

Спорт

Ѓоковиќ: Српскиот „ас“ силно го посакува 25-иот „Грен слем“ и мисли само на победа, ништо друго.

Објавено пред

на

Новак Ѓоковиќ, најдобриот светски тенисер силно ја посакува 25-тата. Грен слем титула во кариерата и тоа не го крие. Српскиот „ас“ во интервју за „CNN“ истакна дека мисли само на победи бидејќи таков му е менталитетот.

Можеби на почетокот на сезоната Новак Ѓоковиќ не делуваше премногу мотивирано, но светскиот рекет број еден дефинитивно е тоа, како што изгледа повеќе од било кога.

Српскиот ас во интервју за Си-Ен-Ен проговори како веќе се визуелизирал како победник на Ролан Гарос и затоа едвај чека да започне турнирот на париската земјена подлога, пренесува Спутник.

„Само победа, ништо друго, таков е менталитетот. Визуелизацијата е важна, кога ќе видите дека успевате во неа, затоа се радувам и едвај чекам да започне турнирот. Секако дека знам дека не сум единствениот кој ја посакува таа титула и со нетрпение го чекам предизвикот“, изјави Новак.

Најдобриот светски тенисер е свесен дека младите играчи како Карлос Алкараз и Јаник Синер се желни за титули, но тоа уште повеќе го мотивира.

„Секако дека не сум единствениот кој сака да ја освои таа титула, но со нетрпение ја очекувам. Сакам да се натпреварувам со различни генерации. Влегуваат млади момци… сите се неверојатно гладни, спремни и брзи, ќе ја искористам мојата способност да се прилагодам за да им ја подготвам вистинската тактика. Разбирам што е потребно за да се остане на врвот и да се натпреварува со нив во борбата за титули“, изјави српскиот ас.

На крајот објасни дека нема многу време да размислува за победите и поразите кои се зад него, бидејќи секогаш има нов предизвик за него.

„Многу е важно да живеете во моментот, да ја цените сегашноста, но во исто време да се сеќавате на минатото, вашиот пат и да ги цените луѓето кои ве опкружуваат. Секоја недела се случува нешто ново во тенисот и тоа треба да го цените и вие. Иако, повеќе ќе размислувам за тоа кога ќе ја завршам кариерата. Додека сте уште активни, размислувате само за следниот предизвик, следниот турнир. Имате можеби неколку дена во годината, можеби една недела да размислите што сте постигнале“, заклучи Ѓоковиќ.

Првиот светски рекет го прескокнува Мастерсот во Мадрид додека игра во Рим, кој е последната станица пред Ролан Гарос.

Извор: politis.rs

Прочитај повеќе...

Спорт

КМФ „Форца 2015“ е освојувач на Купот на Македонија во футсал

Објавено пред

на

©ФФМ

Форца 2015 е освојувач на Купот на Македонија во футсал, по издвојуваната победа над тимот на Клими од Кавадарци, на финалниот натпревар одигран во спортскиот центар Гемиџии во Велес. Екипата на Форца 2015 во еден интересен натпревар успеа да слави победа со вкупен резултат од 6:2.

Зоран Левски го постигна првиот гол на средбата за предност на Форца 2015 од 1:0. Екипата на Клими брзо се вратија во игра и преку Мартин Никовиќ успеаа да го израмнат резултатот.

Во продолжението Форца ја наметна својата игра и успеа да постигне 5 голови за убедлива и сигурна предност. Стрелци на головите беа Харис Омеровиќ, Зоран Левески, Берат Рамадани, додека Иван Крстевски стрелаше два пати.

Голот за намалување на предноста и поставување на конечните 6:2 го постигна Димче Андов, истакнаа од ФФМ.

Прочитај повеќе...

Facebook

Последни објави

Култура15 часа

Денеска е голем празник „Цветници“, за многу години да е!

Празникот е познат и по последото влегување на Исус во Ерусалим, додека именден слават Цветан, Цвета… Овој празник е подвижен...

Хороскоп24 часа

Хороскоп за недела (28 април)

ОВЕН Само кога ќе помислите дека сте сфатиле сè, ќе откриете како се појави нешто ново. Слободно обрнете внимание на...

Кичево1 ден

(ВИДЕО) Погледнете ја оваа убавина од денешната поворка за Лазарева сабота

И оваа година ви претставуваме официјално видео запис од денешната поворка по повод Лазаревата сабота

Кичево1 ден

(ФОТО) Прекрасен ден со најмилите деца од Кичево, кои денес гласно го прославија „Лазаревото Воскресение“, среќа и радост на едно место!

Денес празнуваме еден невообичаен настан во кој се опишува победата над најголемиот страв на човекот – смртта, со кој воедно...

Култура2 дена

Денеска е Лазарева сабота, додека утре е „Цветници“

Денеска е Лазарева сабота, еден од поголемите христијански празници од пролетниот циклус. Лазарова сабота е променлив празник и секогаш се...

Спорт2 дена

Пламенот на Олимписките игри кои летово ќе се одржат во Париз, официјално предаден на организаторите на игрите

Пламенот на Олимписките игри, кои летово ќе се одржат во Париз, вчера беше официјално предаден на француските организатори на Игрите...

Хороскоп2 дена

Хороскоп за сабота (27 април)

ОВЕН Не се опуштајте премногу, особено ако имате впечаток дека имате целосна контрола врз вашиот живот и настаните што ве...

Социјални мрежи2 дена

Врховниот суд и даде рок на социјалната мрежа „Х“ (твитер) да се изјасни зошто не ги почитува пресудите

Врховниот суд на Бразил ѝ даде рок на платформата Х (Твитер) до петок да објасни зошто не ги почитува претходните...

Хороскоп3 дена

Хороскоп за петок (26 април)

ОВЕН  Ако денес планирате патување или треба да се справите со авторитети, внимавајте да не ги прекршите правилата. Некој ќе...

Магазин3 дена

Qualcomm го предизвикува Intel: претстави нови Snapdragon чипови за пазарот на компјутери

Qualcomm ги промовира двата чипсети како врвни решенија за вештачка интелигенција, нагласувајќи дека тие ги имаат најбрзите NPU за лаптопи...

НАЈЧИТАНИ