По безброј најави, тендери, преговори, пропаднати обиди – Чебрен повторно во фокусот. Хидроцентралата која со децении се гради на хартија и за која никако да се видат активности на терен, добива уште едно ново поглавје. Овој пат Владата била пред конечна одлука – проектот да го гради државата, без да се бара инвеститор. Цената на оптимизмот е околу 1, 5 милијарди евра со камати – пари кои би се барале од меѓународните финансиски институции. ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска кажа дека Владата размислува самата да инвестира во проектот за изградба на хидроцентралата Чебрен, која е проценета дека би чинела околу 1,5 милијарди евра. „Една од иницијативите која што ја имаме е сами да градиме комплекс на централи на река Црна, над постоечката Тиквеш. Направивме пресметки и цениме дека ова е стратешки проект, не само за Македонија како држава, туку и за регионот. До сега имаше многу ...

