Инфлацијата во еврозоната се намалува трет месец по ред

47
Word Inflation on up trend arrow, with financial data visible on the background.

Инфлацијата во еврозоната трет месец по ред бележи забавување побрзо од очекуваното, а  март меѓугодишната стапка паднала на 2,4 отсто, соопшти „Евростат„

После стапка на инфлација од 2,6 отсто и 2,9 осто во јануари и февруари, инфлацијата попушта трет месец по ред и според месечните споредувања.

Основната инфлација, во која не се вклучуваат цените на енергенсите и храната, во март била 2,9 отсто, во однос  на  3,1 отсто од претходниот месец.

Значајно попуштил и инфланторниот притисок на цената на храната, која што на меѓугодишно ниво паднала од 3,9 на 2,7 отсто. Енергенсите повторно поевтиниле, со минус 1,8 отсто, што е нешто побавно од февруарските 3,7 отсто.

Поединечно по држави, инфлацијата во март била најсилна во Хрватска, или 4,9 отсто а најслаба во Летонија со 0,3 отсто.