Вести Избори 2024 Македонија

Претседателски избори 2024 – хроника 14.04.2024

Осврнувајќи се на опозициската партија, Пендаровски истакна дека тој никогаш не помилувал и нема да помилува криминалци и дека ВМРО-ДПМНЕ уште како опозиција покажала дека не толерира слобода на говор и медиумско изразување. Јас не сум Ѓорге Иванов, тој помилуваше криминалци. Јас тоа никогаш не сум го направил и нема да го направам, кажа Пендарвоски на денешното претставување пред граѓаните.

Во својот говор во општина Центар Гордана Силјановска Давкова одговори на прозивките од противкандидатот Стево Пендаровски и му порача: „Замислете, јас сум немала план, а тој имал план? Па, еве го канам, ќе почнеме сега серија на дебати околу програмата за областите што се најважни, нека се приклучи Стево Пендаровски, па нека даде свој интелектуален придонес во тоа. А, на граѓните, Даилјнвоска им порача дека на државата и пторебен претседател кој не се плаши.

Кандидатката за претседател од Левица, Билјана Ванковска на денешното претставување на програмата излезе од рамките на домашната политика и се осврна на случувањата на Блискиот исток, кои пак ги поврза со однесувањето на нејзините против кандидати е за вила Водно во однос идните здружувања на земјата со меѓународни партнери.

И Стевчо Јакимовски сериозно ја доживува заканата од војна на Блискиот исток. Од Прилеп одлучи да ја прошири својата програма и навести дека ќе ја вооружува државата, со оглед дека надвиснува безбедносна закана на тло на Европа.

Арбен Таравари од Влен сосема спротивен на милитаристички пристап. Се одлучи за влеоспиед и тргна на тура со подмалдокот на партијата да ги забелжи, запамети и реши нивните проблеми доколку стане претсдетаел.

Правда и право, слобода на говор и медиуми. Максим Димитриевски се позиционираше во градскиот парк во Скопје и најави дека сите овие апаскти ќе ги подобрува но откако ќе победи, ќе формира специјален тим.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Директорката на Токсикологија со преведувачка пред инспектори, се уште доаѓаат на работа и лекуваат и оние 11 кои не се вработени

Дејан Дејан

Дел од ромските набљудувачи имале закани на избирачките места – бараат поголема безбедност на претстојните избори или се повлекуваат

Дејан Дејан

ДУИ смислија ново правило за влез во влада по секоја цена?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе