Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение
Голем број православни верници синоќа го дочекаа Велигден во Бигорскиот манастир „Свети Јован Крстител“.
Велигденската богослужба ја предводеше епископот Партениј, а вечерта во манастирот пристигна и Благодатниот оган од Ерусалим.
Во продолжение погледнете ја атмосферта низ фотографиите на Ѓорѓи Личовски.
Денеска и архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан заедно со светиот архијерејски синод, во честитката по повод велигденските празнувања испрати порака за мир и благослов.
Велигденски пораки за добро здравје, неизмерна радост и среќа, исполнети со духовен мир и хармонија, денеска испратија шефот на државата, собранискиот спикер, премиерот, како и лидерите на политичките партии.