Кина тврди дека балонот над САД го скршнал од правецот ветер

Кина во саботата децидно ги отфрли обвинувањата за шпионажа во врска со нејзиниот балон во воздушниот простор над САД, тврдејќи дека балонот отстапил од зададената рута поради „виша сила“, односно ветер.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен оцени дека упадот на „балонот за надгледување“ во американскиот воздушен простор е „неприфатлив“ и „неодговорен“ потег на Пекинг.

Кина во саботата ги отфрли обвинувањата за шпионажа, наведувајќи дека станува збор за истражувачки балон кој скршнал од рутата поради „виша сила“.

„Не ги прифаќаме неоснованите шпекулации и сензационализмот“ соопшти во саботата кинеското министерство за надворешни работи алудирајќи на телефонскиот разговор на високиот кинески дипломат Венг Ји и американскиот државен секретар Ентони Блинкен ден претходно.

Блинкен ја откажа посетата на Пекинг планирана за недела. Та би била првата посета на еден американски државен секретар на Кина од 2018 година. Балинкен истакна дека САД сакаат каналите за комуникација со кинеската страна да останат отворени и дека посетата би требало да се одржи без одложување „кога условите ќе ги дозволуваат тоа“.

Портпаролот на кинеското министерство за надворешни работи Ванг Ји повтори дека балонот кој лета над САД бил користен за „метеоролошки и други научни истражувања“. Додаде дека балонот скршнал од планираната рута поради ветрот и ограничените можности за управување со неговиот лет.

Пентагон не го прифаќа таквото објаснување и соопшти дека „знаеме дека тоа е балон за надзор“.

Американското министерство за одбрана објави во четвртокот вечерта дека го открил кинескиот балон. Забележан бил над сојузната држава Монтана на чиј северен дел е воена база во којашто се чуваат 150 интерконтинентални балистички проектили вооружени со нуклеарни боеви глави, според извештајот.