Образовен и финансиски криминал во Агенцијата за квалитет на високото образование

Пратениците на ДУИ и СДСМ го изгласаа во Собранието на Република Македонија-партискиот активист на ДУИ, Расим Зубери, за нов  директор на Агенцијата за квалитет на виокото образование (АКВО), спротивно на член 56 од Законот за високо образование (ЗВО) каде што треба да има најмалку десет (10) години работно искуство во областа на високото образование. Ова од причина што новиот гостиварски активист на ДУИ, близок човек на Талат Џафери (командант Форина), кој воедно е и член на Надзорниот одбор на политичката партија ДУИ во Гостивар. Самиот овој факт е доволен показател да им се каже на пратениците на ДУИ и СДСМ дека ова не е ЕВРОПСКА ВРЕДНОСТ, туку, грубо мешање на политиката во постапката на именување на директор во едно стручно тело како што е Агенцијата за квалитет на високото образование (АКВО).

Види повеќеКој е Расим Зубери, кандидат за директор на Агенцијата за квалитет за високото образование со фалсификувани документи

Кои се ингеренциите на  органите на Агенцијата за квалитет на високото образование?

Согласно Законот за високо образование, формирана е Агенција за квалитет на високото образование. Во рамките на Агенцијата за квалитет (која има свој партиски директор) органи се: Одборот за акредитација на високото образование и Одборот за еваулација на високото образование.

Надлежност на Одборот за акредитација, како стручно тело, меѓу другото е да утврдува исполнетост на условите за организирање на студии за нови студиски програми на високообразовната установа и го утврдува капацитетот за студирање на високообразовната установа, одлучува за акредитација на студиски програми за период од пет студиски години… (Види: Закон за високо образование(Сл.весник на РМ.бр.82/2018)

Надлежност на Одборот за евалуација (вреднување), меѓу другото е да го следи и оценува квалитетот на вршењето на високообразовната дејност, научноистражувачката, уметничката и стручна работа на акдемскиот кадар на високообразовната установа, а посебно на нивните студиски програми најмалку на  секои пет години и врз основа на тоа му предлага на Одборот за акредитација да ја приложи или одземе акредитацијата… (Види:Закон за високо образование (Сл.весник на РМ бр.82/2018)

Што покажува практиката?

Практиката покажува дека Агенцијата за квалитет во високото образование наместо да делува како самостоен стручен орган, таа делува како Туристичка агенција на партиски активисти на ДУИ и СДСМ, а тоа се покажува и со досегашниот директор Агим Рушити активист на ДУИ и близок човек на АБАЗ (Али Ахмети), на иста основа функционира Одборот за акредитација во високото образование со сега поранешната претседателка Татјана Стојановска Иванова, а сега именувана во Одборот за евалуација, како и други членови. Поставените членови – професори (партиски поставени) не си ги извршуваат законски, стручно и професионално своите надлежности. Тоа се потврдува со фактот што се’ и сешто се акредитира со неисполнување на условите за организирање на студиски програми и студиски програми потребни за пазарот на трудот, како и со наставен кадар.

Додека Одборот за еваулација во високото образование, односно нивните претседатели и членови не извршиле ниедна евалуација (вреднување) на ниеден јавен и приватен универзитет во Р.Македонија. Срамно и понижувачко однесување на Агенцијата за квалитет која делува и работи како што наведов како Туристичка агенција, а не како стручно тело! Ова треба да биде работа на новата влада и одговорност!

Партиски активисти на ДУИ и СДСМ во Одборот за акредитација и Одборот за евалуација

Откога се договорија ДУИ и СДСМ да постават активист на ДУИ за директор на Агенцијата за квалитет на високото образование (АКВО), веднаш потоа си назначија и нивни старо-нови членови (активисти на ДУИ и СДСМ) во Одборот за акредитација и Одборот за евалуација за високото образование.

Па да почниме по ред:

Одбор за акредитација на кои им престанува мандатот и кои се нови членови?

Од Одбор за акредитација кој им престанува мандатот на членови – професори се: Татјана Стојановска-Иванова (досегашен претседател на Одборот за акредитација, и веднаш се назначува во Одборот за евалуација), Љубица Георгиевска, Илми јусуфи, Блерим Саити и Атанас Кочов.

На седница на Владата, а објавено во Службен весник на Република Македонија од 21.02.2024 година, со Решение бр.14-2440/1 од 13 февруари 2024 година, се именувани (старо-нови) членови на Одборот за акредитација (ОА) на високото образование, професорите: Виолета Цветкоска, Ана Данева Маркова – член на СДСМ, Вангелче Митровски, Јетмире Јакупи – ДУИ (од Одборот за евалуација, сега е распоредена како член во Одборот за акредитација), Билјана Цигловска Бојческа од универзитетот на Мерко Струга „голем експерт на ДУИ и СДСМ“ и Марјан Ѓуровски – член на СДСМ, кој воедно е и близок човек на Пенадаровски, „експерт“ кој ќе изјави дека: „не тврди за вмешаноста на владиците во шпионски активности, туку го цитира тоа што го кажале претседателот на државата Стево Пендаровски, директорот на Агенцијата за разузнавање и членови на македонската Влада, кои како што ќе рече „изнесоа информации дека членови на Синодот се соработници на руската разузнувачка служба врз основа на сознанија кои се строго доверливи“. Овој „експерт“ кажа и остана жив.

Изјава на Г.г. Стефан

Деновиве по една пригода Г.г. Стефан ќе изјави: „Македонскиот народ е пиреј-трева што не умира и ништо не ја ништи… или „…Тажно е кога волкот ќе ги нападне  овците, но уште пострашно и потажно е кога нив ќе ги нападне шарпланинецот, кога ќе се оволчи оној чија улога е да ги заштитува паствата од волците. И тажно беше кога однадвор други не негираа застапувајќи туѓи интереси како свои… има „некои Македонци со антимакедонски постапки“, кои или за лична корист или во служба на туѓи интереси се подготвени и вољни да отстапуваат од македонската историја и македонскиот јазик…“.

Почитувани читатели, за ваше запознавање

Овој „експерт“, професор Марјан Ѓуровски има неограничени желби да биде на функција. Од екс Проректор на УКЛО-Битола, па специјален Конкурс за негово трансформирање на Филозовскиот факултет во Скопје, член на Комисија за одликување на претседателот Пендаровски и сега член на Одборот за акредитација на високото образование. Едноставно овој професор толку прошета низ кадровскиот филтер на СДСМ и буквално каде сака таму се етаблира. Останува уште да биде поставен за директор на Агенцијата за разузнавање! Верувам дека нема да може да оддолее на таа функција! Но, токму таа практика на СДСМ да концентрираат повеќе функции во едно лице ќе ги однесе во политички амбис и народот ќе ги казни на изборите. Врие во академската фела за овој систем едно лице да нема усул и да биде поставен секаде и секогаш. Очекувам Марјан Ѓуровски да ги надмине и Марина Митревска која се прошета од Одборот за акредитација во Одборот за евалуација, па сега Татјана Стојановска Иванова од Одборот за акредитација во Одборот за евалуација на високото образование! Е тоа, тоа ќе го уништи СДСМ на овие избори и ќе ги изгуби катастрофално! Нема кој да гласа за нив од академската заедница затоа што со овие кадровски политики СДСМ ги изреволтира и го подигна нивниот гнев на највисоко ниво! Оттука, се поставува прашање: Дали Агенцијата за квалитет на високото образование е туристичка агенција во која се  поединци се шетаат од еден во друг Одбор или е највисока образовна агенција? Во секој случај овие политики на СДСМ се во функција на нивно исчезнување од  политичката сцена!.

Финансиски малверзации

Марјан Ѓуровски, како проректор на универзитетот „Свети Климент Охридски“ (УКЛО) Битола, во периодот кога ректор на овој универзитет беше Сашо Коруновски (јас) им поднесов пријава до надлежните институции за сомнеж за криминал и корупција од злоупотреба на пари од формираниот Фонд за функционирање и развој на УКЛО-Битола. Па така, од тој фамозен Фонд  за функционирање и развој на универзитетот си се „равивале ректорот и проректорите“, меѓу кој и овој „експерт“ Марјан Ѓуровски (сега вработен на Филозовскиот факултет УКИМ-Скопје, под диригентска палка на деканот Ратко Дуев и продеканот Оливер Бакрески) му биле исплатени 690 илјади денари или околу 11 илјади евра. Од проверките што ги направив во Отворени финансии, речиси на сите членови на ректорската управа им биле исплаќани од овој Фонд и тоа за исти ставки. Предметот е скоро повеќе од една година во ДКСК, Финансиска полиција и  ОЈО-Битола. Ајде господа разбудете се!

Одбор за евалуација на кои им престанува мандатот и кои се нови членови

Од Одбор за евалуација (ОЕ) за високо образование им престанува мандатот на  членовите, професорите: Цвете Димитриевска, Марина Митревска-СДСМ (именованата во повеќе наврати беше член на Одборот за акредитација, па по интервенција на челниците на СДСМ, поконкретно на Оливер Спасовски е именувана за претседател на Одборот за евалуација), Јасмина Делчева Диздаревиќ-СДСМ, Јетмира Јакупи-ДУИ  (сега е распоредена како член во Одборот за акредитација), Метуш Сулејмани и Иван Радевски.

Во објавениот Службен весник на Република Македонија од 21.02.2024 година, со Решение бр.14-2442/1 од 13 февруари 2024 година, се именувани членовите на Одборот за евалуација (ОЕ) на високото образование членовите- професори: Боро Џонов, Татјана Стојановска Иванова- активен член на СДСМ (кој и престанува мандатот како престедател на Одборот за акредитација и сега е именувана како нов член во Одборот за евалуација, „невиден партиски експерт“), Ирина Јолдеска активен член на СДСМ (ФТУ-Охрид), Христина Спасевска -ФЕИТ-Скопје, Беким Фетаји-ЈИЕ-Тетово, Ибиш Кадриу -УТ-Тетово.

Корупција во одборот за акредитација

Неколку години сведоци сме на леснотијата со која Одборот за акредитација на високото образование во предходниот состав донесува решенија за акредитација на студиски програми. Дали се работи за непознавање на материјата не верувам. Единствено што ме прави да се сомневам тоа е влезот на корупцијата во ова тело одамна, но сега се унапредува и усовршува. Затоа ја прашувам поранешната советничка за образование на поранешниот премиер Зоран Заев, и до „вчера“  претседател на Одборот за акредитација на високото образование ( сега член на Одборот за евалуација), што прави, зошто дозволува на секоја “тобако” продавница да и се издаде решение за спроведување на одредена студиска програма?

Со СДСМ и ДУИ на власт, образованието воопшто падна на најниски гранки и секоја таква продавница може да продава дипломи според желбата на купувачот. Многу сум разочаран кога тоа го остваруваат професори, доктори на науки и притоа оставаат траги за својата работа со која после промената на власта оваа година ( по 8 мај) секако дека ќе завршат зад решетки. Криминал каков што нема ни во Зимбабве.

Да, почитувана Татјана Стојановска Иванова! Сите во твоето опкружување се свесни за тоа што се случува во Одборот со кој раководеше, твоите присуства на ФОН универзитетот со што му давате поддршка која не треба да ја има ако добро се применува Законот за високото образование. Едно потсетување, врз основа на моја претставка, после неколку инспекции беше сменет Ректорот на овој универзитет и испратен во пензија. Некои луѓе едноставно не знаат за доста. Секогаш им е многу малку тоа што го имаат. Очај!

Сакам да те прашам Татјана Стојановска Иванова, дали си слушнала за условите за акредитација на студиски програми, за потребата од 10 професори во редовен работен однос согласно член 61 став(3) од Законот за високото образование: потребно е најмалку 50% од часовите на настава на студиските програми за кои се бара акредитација (дозвола за работа), а најмалку 10 лица во наставно-научни звања во работен однос со полно работно време на секој од факултетите во состав на универзитетот.

Следејќи ги информациите на Агенцијата за квалитет на високото образование, ги видов следните акредитации на Европскиот универзитет:

Европски Универзитет – Скопје

1.Факултет за информатика / Бизнис информатика / 1 циклус / 240 / Решение
2.Факултет за информатика / Бизнис информатика / 2 циклус / 60 / Решение
3.Факултет за информатика / Бизнис менаџмент / 2 циклус / 60 / Решение

Европски Универзитет – Скопје

1.Факултет за економски науки / Маркетинг / 2 циклус / 60 / Решение
2.Факултет за економски науки / Финансии / 2 циклус / 60 / Решение

Европски Универзитет – Скопје

1 Факултет за економски науки / Финансиско-банкарски и сметководствен менаџмент / 1 циклус / 240 / Решение

Европски Универзитет Скопје

1 Факултет за економски науки / Здравствен и фармацевтски менаџмент / втор циклус / 60 / Решение

Европски универзитет Скопје

1 Правен факултет / Казнено право / втор циклус / 60 / Решение

Затоа ви ги поставувам следните прашања на вас членови во Оборот за акредитација:

  1. Колку вработени има на пример на Правен факултет на Европски универзитет? Колку вработени има на Факултетот за информатика? Колку вработени има на Економскот факултет?
  2. Како е можно за прв циклус да не постои акредитација поради тоа што немаат 10 вработени на оваа единица, а за втор циклус да се потпише акредитација?
  3. Колку професори има на Факултетот за информатика и Економски факултет?
  4. Колку простории има за студентите и вработените согласно Правилникот за нормативите и стандардите за акредитација? Кога и да поминете покрај Европски универзитет ќе забележите некоја нова фирма и нејзина реклама, како на пример, ЈП Национални шуми.
  5. Како е можно да се стави рекламата пред еден месец дека уписите се во тек, а на сајтот на Агенцијата за квалитет на високото образование не се гледа ниту едно Решение за почеток со работа за студиските програми погоре наведени?

Го прашувам (поранешниот) директорот Агим Рушити и Комисијата на Агенцијата за квалитет на високото образование како планираат да издадат Решение за почеток со работа?

Колку е цената на едно Решение на Одборот за акредитација и Одборот за евалуација на високото образование?

Почитувани членови на овие тела, партиски војници на СДСМ и ДУИ во голема опасност сте! Не сте внимавале што потпишувате! Не сте ги погледнале убаво документите. Ќе има голема работа за идната нова Влада, како и за идниот чесен и непартиски јавен обвинител! Сите документи јавно Ви се објавени на сајтот на Агенцијата за квалитет во високото образование и со тоа сами сте ги потпишале доказите против себе.

Едно да знаете дека навреме се складирани сите документи, но и документи за средби и вкусни ручеци и поклони.

Известени се и дипломатите во нашата држава!

Не сакам да ми замери Европскиот универзитет, ваква анализа секоја недела ќе следи за сите приватни универзитети! Податоците јавно се објавени на сајтот на Агенцијата за квалитет на високото образование и истите ќе бидат транспарентно анализирани.

Исто како што до мене пристигнуваат и пријави за инспекторите во Државниот просветен инспекторат. Тие се должни да постапуваат законски и да го применуваат Законот за високото образование.

Професорке Татјана Стојаноска Иванова,  очекувам малку доблест  како поранешен претседател на Одборот за акредитација, а сега и како член на Одборот за евалуација за високо образование  да ми одговориш на поставените прашања. Досега неколку пати јавно сум ти  поставил прашања, но никако да ме удостоиш и да ми дадеш одговор. Како носител на јавна функција очекувам овој пат да го сториш истото!

На потег сте Татјана, сега и како член на Одборот за евалуација на високото образование!!

Очекувам после изборите да има разрешница и одговорности од новата Влада!!!

Автор: Ѓорѓи Илиевски, Виш просветен инспектор во пензија за НетПрес