Силјановска Давкова го критикува пристапот на преговори и се залага за собраниски консултации

Силјановска Давкова го критикува пристапот на преговори и се залага за собраниски консултации

„Никогаш нема да одам на преговори, никогаш нема да разговарам за Македонија, никогаш нема да разговарам за Уставот, пред претходно да се договорам со Владата и со Собранието за тоа“, рече претседателската кандидатка Гордана Силјановска Давкова на митинг во Гостивар.

„Во спротивно, вие сте политичка вејка. Па тогаш, тоа што ќе ви го издиктираат, ќе го донесете овде како тројански коњ. А, потоа дури и ќе тврдите дека сте учествувале во неговото креирање. Тоа е неодговорен претседател! Тоа е неодговорен премиер! Тие се восхитени од средбите со странските државници бидејќи не се почитуваат себе си. А не се почитуваат зашто нема што да почитуваат во себе. Ним луѓе со интегритет и дигнитет им пречат”, рече Силјановска.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста