Регион
Молитва за жртвите во Кочани во храмот Свети Сава во Белград

Српскиот патријарх Порфириј одржа синоќа во храмот Свети Сава во Белград молитва за загинатите во пожарот во Кочани и за шеснаесеттата жртва на несреќата на железничката станица во Нови Сад, Вукашин Црнчевиќ.
„Се молевме вечерва и заедно со родителите на оние кои се наоѓаат овдека во Белград во болница, оние кои исто така тешко настрадаа во Кочани. Се молевме вечерва за нив и ги молам сите да се молиме постојано, од длабочината на душата, и на пресвета Богородица и на Господ наш Исус Христос, со својата љубов и благодат – да им дадат сила на родителите, но и да им дадат умешност и знаење и на сите лекари кои се грижат за оздравување на сите од Кочани оние кои се наоѓаат овдека во Белград, што побрзо да оздрават и да се вратат дома“, изјави Пофириј.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двајца од тешко повредените во Кочани кои се во Белград дишат со машина, на дел од хоспитализираните ќе им се пресадува кожа

Седумнаесет лица повредени во пожарот во Кочанисе лекуваат во Ургентниот центар на Универзитетскиот клинички центар на Србија во Белград од кои две се на механичка вентилација, а двајца се оперирани, изјави др Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при УКЦС.
Стојичиќ нагласи дека пациентите се во добра состојба и постоперативно е без проблеми.
„Нивниот постоперативен тек се одвива без проблеми. Наредната недела веројатно ќе бидат оперирани уште пет-шест пациенти. Имам и добри вести, неколку пациенти веројатно ќе можат да бидат префрлени на одделение бидејќи успешно се опоравува нивната респираторна функција, а раните од изгорениците се такви што не бараат престој на одделението за Интензивна нега“, изјави тој за РТС.
Тој наведе дека кај пациенти кои веќе се оперирани, процедурата опфаќа отстранување на девитализирано ткиво и покривање со автотрансплантација, што значи дека нивна сопствена кожа се зема од други региони и се пресадува на изгорените места. На еден пациент ќе му биде извршена нова операција за околу пет денови (на другата рака).
Според него, за оние на кои им претстои операција, нема да бидат потребни донатори на кожа.
Што се однесува до опоравувањето на оние кои биле оперирани, Стојичиќ истакна дека конечниот резултат обично се забележува за 14 дена, а потоа следи фаза на опоравување со помош на физикална медицина.
Регион
Драма во Белград на Сава: Пријавиле дека виделе тело во реката

Полициски патроли и екипи на Итна помош денеска се упатиле кон кејот на Сава откако добиле дојава дека во реката Сава во Белград е забележано безживотно тело.
Нешто по 16:00 часот е добиена дојава дека на водата во близина на познат белградски ресторан е забележано безживотно тело. На лице место е полициска патрола.
Регион
(Видео) Откажан собирот на приврзаниците на Вучиќ во Ниш

Собирот на Српската напредна партија (СНС) што требаше да се одржи вечерва во Ниш, на кој беше најавено доаѓањето на највисоките партиски функционери, е откажан, пренесе Н1 Србија.
Градоначалникот на Ниш од бината ги известил собраните луѓе дека собирот нема да се одржи, а во салата не се видени ниту претседателката на српскиот парламент Ана Брнабиќ, премиерот во заминување и претседател на СНС Милош Вучевиќ, ниту претседателот на Извршниот одбор на СНС Дарко Глишиќ.
Evo ih glavni! Ko li se vozi u ovim kolima registarskih oznaka NS-685-XP?
Da nije Miloš Vučević?!
Svakako, izgađani jajima
#niš pic.twitter.com/l6O5GYwBrG
— Mateja (@MATEJANIKOLlC) March 21, 2025
Граѓаните на Ниш денеска се собраа на протест пред Офицерската сала, каде што требаше да се обратат и други високи партиски функционери од СНС. Демонстрантите носеа транспаренти, а со јајца фрлаа кон членовите на СНС.
Како што објави Н1, полицијата ги блокирала сите пристапни патишта до Офицерскиот дом, кој го обезбедувале големи полициски сили распоредени во повеќе безбедносни обрачи.
Kud naleteh na tebe nesrećo?! 🥲
Gradonačelnik Niša Dragoslav Pavlović!
#niš pic.twitter.com/fzW2evPfmL
— Mateja (@MATEJANIKOLlC) March 21, 2025
Насобраните граѓани во неколку наврати фрлаа со јајца кон функционери на СНС додека се движеа кон зградата. Фрлија јајца и кон градоначалникот на Ниш, а го полија и со вода.