ВМРО-ДПМНЕ ВОДИ СО 3:1 ВО ОДНОС НА СДСМ ПО 64 ОТСТО ПРЕБРОЕНИ ГЛАСОВИ

    ВМРО-ДПМНЕ ВОДИ СО 3:1 ВО ОДНОС НА СДСМ ПО 64 ОТСТО ПРЕБРОЕНИ ГЛАСОВИЗасега, и коалицијата на ДУИ има повеќе гласови од СДСМ. - Од гласање во скопската општина Аеродром (Фото: СДК.МК)

    По преброени 64 отсто од гласовите, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 260.865 гласови, речиси тројно повеќе од СДСМ, кој има 89.537 гласови, според првичните неофицијални резултати на Државната изборна комисија (ДИК) за парламентарните избори.

    Засега, и коалицијата на ДУИ има повеќе гласови од СДСМ – 99.853. Следува коалицијата Влен со 80.640 гласови, Левица со 42.353 гласови и ЗНАМ со 32.084.

    По преброени 70 отсто гласови, во вториот круг од претседателските избори, Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ има 373.799 гласови, додека Стево Пендаровски од СДСМ има 171.288 гласови.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира