Македонија

(Видео) Славески во „Претрес“: Ќе нема нов Сашо Мијалков, блиски роднини доведоа до криза во партијата и државата

Трајко Славески, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во „Претрес со Ландов“ кажа дека Сашо Мијалков нема да се повтори, а ниту да се дозволи, партијата да биде раководена од лица со роднински испреплетени релации.

„Грешките оние покрупните, произлегуваа од начинот на раководење со партијата, кој што премина во автократски, еден тесен круг на луѓе кои стапија и во роднински врски, дали станаа кумови, да се коптираат блиски роднини, братучеди, нешто што ми непоимливо. Блиски роднини да ве поклопат и да ја поклопат партијата, да доведат до таква криза во партијата и државата е адекватно на казната која уследи и персонална, а за жал и за партијата и до некаде за државата Република Македонија“, рече Славески во „Претрес со Ландов“.

Тој додаде: „Тоа нема да се повтори, ќе нема нов Сашо Мијалков и другите околу неговата свита, не смее да се повтори, тоа е прво и единствено, јас верувам во Мицкоски, дури тој покажа дека тоа не е негов стил на раководење“.

Во подкастот тој објасни и низ личен пример за тоа како семејните реалции не дозовлил да влијаат во професионалниот живот, говореше за Мицкоски и за владеењето на Груевски.

На почеток