Играч на Чикаго со подвиг кој го имал само Мајкл Џордан, Филаделфија обезбеди место во плејофот (Видео)

Екипата на Филаделфија 76 се пласира во плејофот на НБА-лигата откако во драматичен меч со 105:104 го победи Мајами. Џоел Ембид беше предводникот на „76-ките“ со 23 поени и 15 скока, а одличен беше и Никлас Батум со 20 поени.

На 40 секунди до крајот беше 96:96, кога домаќините погодија „два плус еден“, а потоа во следниот напад имаа одлична одбрана и блокираа удар за три поени. Во финишот Филаделфија им донесе радост на своите навивачи.

Историска ноќ беше ова за плејмејкерот на Чикаго, Коби Вајт, кој блесна за победа на неговиот тим против Аталанта од 131:116. Вајт направи подвиг кој во редовите на Чикаго не е виден уште од времето на легендарниот Мајкл Џордан.

Вајт постигна 42 поени, а имаше и девет скока, шест асистенции и две украдени топки и ниту една загубена топка за 43 минути поминати на паркетот.

Меч со над 40 дадени поени, барем пет скока, пет асистенции и ниту една изгубена топка во историјата на Чикаго досега имал само Џордан.

Со оваа победа Чикаго се избори за меч против Мајами и тоа ќе биде борба за последната осма позиција која води во плејофот, додека за Атланта сезоната заврши. Филаделфија ќе стартува како седма и во првото коло за противник ќе игра против Њујорк.

Подобриот од дуелот Мајами – Чикаго ќе вкрсти со најдобриот тим на Истокот, а тоа е Бостон селтикс.

- Оглас -

Најнови вести