• сабота, 11 мај 2024

Демири и д-р Димитров: Продолжување на работниот однос на докторите кои имаат навршено 64 години - младите лекари учат од експерти со докажано искуство

Демири и д-р Димитров: Продолжување на работниот однос на докторите кои имаат навршено 64 години - младите лекари учат од експерти со докажано искуство

27 март 2024

Министерот за здравство д-р Илир Демири денеска оствари средба со претседателот на Македонското лекарско друштво проф. д-р Горан Димитров на којашто разговараа за продолжување на работниот однос на докторите кои имаат навршено 64 години и кои учествуваат во едукација на младите кадри на сите медицински факултети во земјава.

Со оваа иницијатива и прифаќањето на оваа одлука ќе се овозможи континуирана продукција на нови и млади кадри коишто ќе допринесат за зајакнување на здравствениот систем. Младите здравствени работници ќе учат од експерти докажани во својата област по соодветните специјалности со долгогодишно искуство и успех зад себе.

Министерство за здравство

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан