Палма ја оддува Барселона и ја освои Лигата на шампиони во футсал (Видео)

Екипата на Палма е освојувач на трофејот во Лига на шампиони во футсал. Во шпанското финале кое се играше синоќа, Палма со убедливи 5:1 ја победи Барселона и на тој начин го одбрани европскиот трон од минатата година.

Барселона добро започна и поведе со 1:0 во 15 минута, а каталонците имаа шанса да го удвојат водството, но промашија пенал во 19 минута. Потоа следуваше казна. Играчите на Палма доминираа и во само две минути постигнаа два гола и на полувреме заминаа со предност од 2:1.

Во 34 минута беше 3:1 за Палма, а играта на Барселона целосно се распадна во финишот. Лозано доби црвен картон во 38 минута, а во последната минутиа Палма постигна уште два погодоци за убедливи 5:1.

Пред финалето се играше дуелот за трето место во кој Бенфика со 6:3 славеше над Спортинг.

- Оглас -

Најнови вести