Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски музички работник, диригент, пијанист, оперски пејач – баритон и пензиониран редовен професор на ФМУ во Скопје. Фирфов е син на македонската оперска дива Данка Фирфова и музичкиот деец Живко Фирфов.

Фирфов дипломирал пијано кај А. Прегер, во 1969 и соло-пеење кај Н. Цвеиќ, во1970 година на Музичката академија во Белград, каде што ја стекнувал и титулата магистер по соло-пеење кај З. Зикова во 1974 година. Уметничката кариера ја започнал како солист во Операта на МНТ, а од 1969 година почнал да предава на ФМУ во Скопје како редовен професор. Приредил повеќе солистички рецитали и настапи во придружба на оркестар. Се занимавал и со музичка критика. Познат бил по многубројните солистички и концертни настапи на разни музички манифестации во Македонија и во странство. Има настапено и како фолк пејач на фестивалот за патриотски песни Гоце Фест. До своето пензионирање бил редовен професор на ФМУ во Скопје, кој предавал соло-пеење и клавир.


Починал во Скопје на 28 април 2012 година.

 


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на Мизар и Хармосини вечерва во Македонската Филхармонија

Вечерва во Македонската Филхармонија, со почеток во 20:00 часот, ќе се одржи концертот на Мизар …