ОН соопштија дека хуманитарната ситуација во Газа останува „исклучително тешка“ А.А.

Обединетите нации велат дека хуманитарната ситуација во Газа останува „исклучително тешка“ и дека вработените во ОН таму продолжуваат да се соочуваат со низа предизвици, вклучително и активни воени операции.

Испораките на гориво се „забавија “, рече портпаролот на ОН Стефан Дужарик.

„Станува збор за часови, ако не и денови каде ќе немаме повеќе гориво“ истакна Дужариќ.

Тој, исто така, рече дека клучните медицински установи во Рафа наскоро би можеле да станат недостапни или нефункционални.

Во меѓувреме, Филипо Лазарини, шефот на „UNWRA“, објави дека протестот пред нејзиното седиште во Источен Ерусалим е „ништо помалку од малтретирање, заплашување и вандализам“.

Back to top button
Close