Предновогодишен концерт со македонски хитови во Струмица

by Fokus

На 28-ти декември (четврток) Струмица ќе биде домаќин на незаборавен концерт со Камерен оркестар на Битола.

Како што информираат од организацијата, ќе се издат песните кои обележаа многу генерации, во живо од Камерен оркестар, Александра Јанева, Славица Ангелова, Лара Иванова, Ана Петановска и Ристо Самарџиев.

-Започнете ја новогодишната магија со звуците на нашата македонска музика. Обезбедете ги вашите влезници на време и подгответе се за незаборавна ноќ полна со магија и музика!-информираат од Камерен оркестар Битола.

Влезниците по цена од 250 денари можат да се купат во билетара на НУЦК Антон Панов и во просториите на Eventum.

Вики Клинчарова

Поврзани новости