Четири лица се убиени, меѓу кои две деца, во напад со нож во Квинс во Њујорк

0
130

Убиени се 11-годишно девојче, 12-годишно момче, 44-годишна жена и 30-годишен маж, а се претпоставува дека сите се членови на семејство, соопшти полицијата, пренесоа медиумите.

Во нападот се повредени и три лица, од кои едно потешко. Меѓу повредените има и двајца полицајци кои дошле на местото на настанот.

Според Си-Ен-Ен, полицијата добила повик 911 непосредно по 5 часот наутро од млада жена која рекла дека нејзиниот братучед ги убил членовите на нејзиното семејство, објави на прес-конференција началникот на њујоршката полиција Џефри Мадри.

По пристигнувањето, полициските службеници виделе како излегува маж со багаж, кој на полицајците им извадил кујнски нож, едниот го прободел во вратот и градите, а другиот го удрил во главата, додаде началникот. Еден од полицајците извадил оружје и пукал, убивајќи го осомничениот, рече Мадри.

 

 

republika.mk