Сари поднесе оставка во Лацио

Искусниот стручњак реши да поднесе оставка по поразот во Серија А на домашен терен од Удинезе со резултат 2:1.

Лацио моментално е деветти на табелата со мали шанси да ја освои Европа следната сезона.

Пред само неколку дена римскиот клуб се прости од учеството во Лигата на шампионите бидејќи во осминафиналето беше елиминиран од Баерн.

Сари го презеде Лацио во јуни 2021 година, а најголемиот успех го постигна минатата сезона кога го предводеше тимот во Лигата на шампионите.

Текстот Сари поднесе оставка во Лацио е превземен од МАКФАКС.