Фото: Градска.мк

50 милиони денари за пропаднат асфалт и искршени шахти за улицата „Славка Динкова“ во Драчево

Улицата „Славка Динкова“ во Драчево, две години по историската реконструкција каде што беа потрошени 50 милиони денари, сега е речиси непороодна за возилата поради огромните дупки и оштетениот асфалт. Жителите на Драчево велат дека асфалтот почна да пропаѓа уште месец ипол по реконструкцијата, а сега тој е испукан на повеќе места и дека пола од шахтите што се ставени на средина се веќе искршени.

Фото: Градска.мк

-За квалитетот на асфалтот да не разговараме, тоа е утка невидена. Ставија асфалт, па испука, па го менуваа уште еднаш. Пропадна атмосферската канализација уште првите месец ипол откако се реконстурираше улицата, го сервисираа тоа и пак има пропаднато. Асфалтот е испукан и има огромни дупки што се отворени, шахтите што се ставени на средина, пола од нив се искршени. Таква катастрофа од улица не знам дали има во друга населба, имајќи предвид дека е нешто што е направено ново и квалитетно, вели еден од жителите.

Фото: Градска.мк

Во однос на осветлувањето и видливоста на улицата, драчевчани велат дека тротоарот сега е направен на едната страна поширок, а на другата потесен, и дека бандерите не ги тргнале од потесната страна што им стојат пред врата на жителите. Се случува да нема светло а дупките не се гледаат кога нема светло и многу луѓе добиваат сериозни оштетувања на нивните возила.

Фото: Градска.мк
Фото: Градска.мк

Реконструкцијата на улица „Славка Динкова“ која е во должина од 1.175 метри, беше започната во август 2022 година која траше да почетокот на октомври. На почетокот на градежните работи за оваа улица градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска заедно со градоначалникот на Општина Кисела, Орце Ѓеорѓиевски, најавија дека прв пат после 30 години се решаваат истакнатите значајни проблеми со атмосферската канализација и значајните проблеми со асфалтот на оваа улица.

Харис Сулејман

АКТУЕЛНО