Ако Алегри остане тренер на Јуве, Федерико Кјеза ќе си замине од клубот

Федерико Кјеза има понуда за нов договор од Јувентус, но уште не го потпишува, го чека летото за да ја види разверската околу иднината на тренерот Масимилијано Алегри на клупата на најтрофејниот италијански клуб.

Според Ла Газета дело спорт, ѕвездата Јуве и италијанската репрезентација најверојатно ќе го напушти клубот од Торино летово доколку Алегри остане и во сезоната 2024/2025.

Договорот на Кјеза истекува во јуни 2025 година и Јувентус брза да му го продолжи неговиот престој во клубот, во спротивно треба да го стави на продажба и да заработи пари.

Кјеза не е во добри односи со Алегри, а има најави дека Рома е клубот кој сака да го ангажира овој крилен напаѓач кој во Јуве е од 2020 година кога дојде од Фиорентина.

- Оглас -

Најнови вести