12.8 C
Скопје
02:56 - 17 мај, 2024

(Фото) Таа е најбогатата пејачка на Балканот! Заработува 92 милиони годишно, има две фирми и еден вработен

Хрватската пејачка Маја Шупут долго време ја носi титулата „кралица на свадбите“, а поради големата побарувачка пејачката морала да ја удвои цената на своите настапи во последните неколку години. Но, тоа што концертите се само дел од деловното царство на Маја потврдуваат и податоците за нејзиниот минатогодишен приход, кој изнесувал 800.000 евра или шест милиони куни.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by majasuput (@majasuput)


Хрватската пејачка Маја Шупут имаше многу успешна 2022 година, бидејќи двете компании што ги поседува ѝ донесоа огромен милионски профит.

Нејзините две компании остварија вкупен промет од 5,9 милиони куни. Маја Шупут Татаринов е сопственик и директор на компанијата „Морска дива“.

Вкупните приходи на нејзината компанија во 2022 година изнесуваат 530.000 евра, а деловниот субјект остварил нето добивка од 241.969 евра.

Споменатата компанија има еден вработен, а Маја својата музичка кариера ја води преку таа компанија.

Нејзината друга фирма се занимава со продажба на козметичка линија во која е косопственик со сопругот Ненад Татаринов, лани имала промет од околу 275.000 евра, а компанијата остварила добивка од 30.000 евра.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by majasuput (@majasuput)


Преку веб-шопот Majushka продава брендирани производи, гаџети, парфеми, детска козметика, маици и влечки, а под брендот Majushka, Маја со години води и адвентска куќичка во Загреб, каде покрај нејзините производи, таа нуди храна и пијалак.

Маја Шупут, освен од бизнисот, одлично заработува и како пејачка. Хрватската Барбика е постојано ангажирана, како во земјата така и во странство.

Маја е една од најпопуларните пејачки, чии концерти се резервирани со месеци однапред, а речиси секој викенд кога нема концерти, пее на свадби кои ѝ носат голема заработка. Маја за пеење на свадбени веселби наплаќа 8.000 евра.

Таа се испроба и во водителските улога во емисиите „Танц со ѕвездите“ и „Твоето лице звучи познато“, а е дел од жирито во „Суперталент“, што ѝ носи дополнителна заработувачка.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by majasuput (@majasuput)

Слични објави

(Фото) Пластичен хирург верува дека Том Круз се подложил на липосукција: „Добро направено“

еспресо

„Тоа не се мали пари…“: Се огласи директорот на хрватската болница во која Бејби Лазања сака да донира пари

Еспресо

„Од каде ѝ стан во Врачар, тоа е мое“: Се огласи Миша Гроф откако Николина Пишек најави дека ќе му дојде на врата со полиција

Еспресо

Џенифер Лопез и Бен Афлек на чекор до развод: Актерот се отселил од луксузната вила

еспресо

(Фото) „Шокантно, не е за деца!“: Сергеј Трифуновиќ објави фотографии од сопругата, последна ноќ како девица

Еспресо

Саша Поповиќ откако доживеа повреда: Откри дали ќе продолжи да ја снима „Ѕвездите на Гранд“

Еспресо
Се вчитува....