NPC карактери со ChatGPT е иднината на видео игрите?

Преку комбинација на ChatGPT, Whisper и Eleven Labs креаторот на видеото подолу успеал да создаде NPC карактер во виртуелна реалност (VR) со кој можете да разговарате.

Што е NPC?

NPC (Non-player character) е кој било карактер во една игра кој не е играч. Во видео игрите, ова обично значи лик контролиран од компјутер (наместо играч) кој има однапред одреден сет на однесувања кои потенцијално ќе влијаат на играта.

Што е ново во пристапот на ChatGPT, Whisper и Eleven Labs?

Што е ChatGPT знаат и птиците.

Whisper AI е софтвер за препознавање и транскрипција на говор кој користи вештачка интелигенција (ВИ) за да го претвори говорниот јазик во пишан текст.

Eleven Labs Inc. е американска софтверска компанија која развива софтвер за синтеза на говор со природен звук и текст во говор, користејќи вештачка интелигенција и длабоко учење.

Со комбинација на овие три елементи се добива една нова перспектива во иднината на игрите. Можностите се неограничени.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *