Вести Свет

Санчез ќе продолжи да ја извршува премиерската функција

Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска соопшти дека ќе продолжи да ја извршува функцијата по неколкудневно размислување, откако против неговата сопруга беше поднесена кривична пријава за корупција од страна на крајната десница во земјата.

Минатата недела премиерот Санчез ја шокираше шпанската јавност, објавувајќи дека ќе ги откаже сите активности и пет денови воопшто нема да доаѓа на работа, период кој според него му беше потребен да размисли дали сака и понатаму да ја извршува функцијата.

Кривичната пријава против неговата сопруга Бегоња Гомез која беше поднесена од крајно десничарската правна платформа „Чисти раце“, подоцна беше повлечена и поднесувачите признаа дека биле погрешно наведени да поверуваат во вистинитоста на обвинувањата.

Ова е втор мандат на Санчез како премиер на Шпанија. Првата влада ја формираше во 2018 година, а минатата година доби втор мандат откако во ноември успеа да формира ново мнозинство.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Вреди ја повлече тужбата против решенија на ДИК-Управен суд ја запре постапката

Дејан Дејан

Бејби Лазања : Не можам да ја прифатам награда од 50.000 евра. Го молам Пленковиќ тие пари да ги донира

Дејан Дејан

По пет дена молк се огласи Град Скопје -Против комарци ќе се прска во сабота

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе