fbpx

За една недела регистрирани 50 случаи на голема кашлица, пет деца се хоспитализирани

Заклучно со 7 март регистрирани се вкупно 173 случаи на голема кашлица во државата. Од нив, 33 лица се хоспитализирани, од кои 28 се на возраст до 4 години

-

Во периодот од 1 до 7 март се регистрирани 50 нови случаи на голема кашлица, според последниот извештај на Институтот за јавно здравје. Од нив, пет лица се хоспитализирани, од кои четири се помали од една година, а едно спаѓа во категоријата на лица од една до четири години.

Најголем дел од заболените лица имаат меѓу 10 до 14 години, а најстарите имаат 40 години.

Според извештајот, заклучно со 7 март, во државата се регистрирани вкупно 173 случаи на голема кашлица. Од нив, 102 случаи, или 59 отсто, не биле вакцинирани, не се комплетно вакцинирани согласно возраста или нема доказ за вакцинација.

Сепак, во четвртокот министерот за здравство Илир Демири најави дека повеќе од 22.000 деца се вакцинирале со ДиТеПер вакцината во рок од еден месец.

Според препораките на Комисијата за заразни болести од понеделник во градинките нема да се примаат децата кои не се вакцинирани со ДиТеПер, а од Државниот здравствен и санитарен инспекторат најавија засилени инспекциски контроли.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз

Француската полиција денес влегла во зградата на парискиот универзитет „Сијанс По“, и ги растерала пропалестинските активисти. Група од околу 70 студенти ја окупирале зградата на Институтот за политички науки во...