ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Гир: Помала употребува на европското знаме, но и помалку блокади во Собрание

Шефот на Делегацијата на ЕУ Дејвид Гир вели дека е загрижен од растечката политичка поларизација, особено во Собранието, поради што им порачува на „различните политички групи да седнат и да кажат „да, не се согласуваме за многу нешта, но се согласуваме за државните интереси, се согласуваме за ЕУ-агендата и за тоа дека сакаме да напредуваме“.

„Тоа значи дека ќе има помалку употреба на европското знаме за да се скрати дебатата, но и дека законските решенија нема да бидат блокирани само зашто може да бидат блокирани,“ вели Дејвид Гир во интервју за емисијата „360 степени“.

Амбасадорот на ЕУ во земјава е охрабрен од новата динамика во односите меѓу Северна Македонија и Бугарија, но вели дека не сака да влезе во „игра на датуми“ за тоа кога би се случила деблокада на пристапниот процес на земјава.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button