Поврзете се со нас

Франција

Луис Енрике: ПСЖ сезонава оди на четири трофеи

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

ПСЖ е блиску до потврда на нова титула во француското првенство, а тоа ќе му овозможи и да се концентрира на битките за другите трофеи, пред се таа во Лигата на шампионите.

Тренерот Луис Енрике посакува да ги исполни клупските амбиции, а признава дека со фудбалерите веќе зборувал за шансита да се освојат четири трофеи до крајот на сезоната.

– Четири трофеи? Секако дека зборуваме за тоа, тоа е дополнителна мотивација.

– Тоа би бил начин за испишување историја за клубот и градот, но за мене многу поважно е не што ќе освоиме, туку како ќе го освоиме, односно со каква игра.

– Целата ситуација е дополнителна мотивација, досега освоивме еден трофеј (Супер куп), мора да ја потврдиме титулата во Лига 1, но и да се натпреваруваме професионално докрај, пред се поради почитување на другите клубови. Потоа, на 25. мај ќе се соочиме со Лион во финалето на Купот, тоа ќе биде специјален натпревар, – рекол шпанскиот стручњак.

Противник на ПСЖ во полуфиналето на Лигата на шампионите ќе биде Борусија Дортмунд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни