Бизнис

АЕРОДРОМ СПЕЦИЈАЛИЗИРАН ЗА ПРИВАТНИ ЛЕТОВИ, во пораст приходите на аеродромот во Порторож

11.08.2024

Во првото полугодие на 2024 година аеродромот во Порторож реализираше 478 слетување на приватни авиони. Ова воздушно пристаниште специјализирано за приватни летови бележи раст во деловната авијација. Но, поради влезот на Хрватска во Шенген зоната има намален број на посетители од околу 20 отсто во однос на истиот период лани, пишува „Пословни дневник“.

Директорот на Аеродромот Порторож Бернард Махјенич, во разговор за Словенечката новинска агенција, изјави дека претходно меѓу доаѓањата доминираа мали спортски авиони, но годинава има повеќе деловни авионски слетувања.

Структурата на патниците на овој аеродром е разнолика. Пред влегувањето на Хрватска во Шенген просторот побројни беа Австриците и Швајцарците. Но сега има бројни патници од Полска, Франција, Германија и Србија.


фото freepic

ПРЕПОРАЧАНО