Поврзете се со нас

Англија

Пеп пред завршниот спринт во Премиер лигата: Халанд нема да ни помогне утре, може да загубиме сѐ во една недела

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Играчите на Манчестер Сити добија два дена одмор од Пеп Гвардиола по полуфиналето во ФА Купот, но сега веќе се насочени кон натпреварот кој следи во Премиер лигата.

Актуелниот шампион ќе го почне мечот против Брајтон со четири бода помалку од Арсенал, па тоа сигурно ќе биде дополнителен притисок за играчите на Гвардиола, но истовремено и поттик да се оствари посакуван резултат.

Пеп Гвардиола на денешниот прес не исклучи сценарио во кое Сити би останал без сите можни трофеи во една недела, но истовремено верува дека неговиот тим ќе се бори до крај бидејќи е навикнат на вакви драматични завршници.

– Се пласиравме во финалето на ФА Купот, стигнавме во завршната фаза во Лигата на шампионите, а во Премиер лигата се уште сме во трката. Може да стигнеме до крајот, а потоа да ги загубиме сите титули во една недела. Дури и да дојде до тоа, овој тим повторно имаше неверојатна сезона. Секој меч е важен до крајот и секоја грешка ќе се казнува. Добра вест е што бевме во ваква ситуација неколку пати и знаеме за што играме, – изјави Гвардиола, кој потврди дека утре нема да може да смета на Халанд, за разлика од Фоден и Стоунс кои му стојат на располагање.

– Работата со Халанд не е сериозна, но нема да може да игра утре. Стоунс и Фоден се подготвени за утре, но Халанд ќе го прескокне уште овој меч, – најави Пеп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни