Автобусот на „Фликсбас“ што се преврте во Германија превезувал 53 патници, најмалку петмина мртви и десетици повредени

Најмалку пет лица загинаа, а околу 20 се повредени во автобуската несреќа на автопат во близина на источниот германски град Лајпциг.

Според првичните информации, има и потешко повредени.

Автобусот на европскиот превозник „Фликсбас“ се превтел на пат од Берлин за Цирих, а автопатот е затворен во двата правци. На местото на настанот беа испратени пет хеликоптери.

Во него имало 53 патници и двајца возачи, а несреќата се случила до аеродромот Лајпциг.

„Сè уште не се познати точните околности на несреќата“, соопштија од „Фликсбас“.

„Ние, секако, тесно соработуваме со локалните власти и службите за итни случаи на лице место и ќе направиме се што е во наша моќ за брзо и целосно расветлување на причините за несреќата“, велат од таму.

Официјални лица во провинцијата Саксонија изјавија дека нивните мисли се со жртвите.

Текстот Автобусот на „Фликсбас“ што се преврте во Германија превезувал 53 патници, најмалку петмина мртви и десетици повредени е превземен од МАКФАКС.