Поврзете се со нас

Свет

Првиот човек на бразилскиот фудбал за Робињо и Алвеш: Срамно е што мислеле дека ќе поминат неказнети

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/CBF_Futebol

Апсењето на Робињо за отслужување долга затворска казна за силување и првичната затворска казна за Дани Алвеш за слично дело ги шокираа Бразилците, а првиот човек на фудбалската федерација не крие дека е засрамен од случувањата со поранешните репрезентативци на „селесао“.

Во својата последна изјава, Едналдо Родригез истакнал дека она што се случувало со двете поранешни ѕвезди е едно од најцрните поглавја во историјата на бразилскиот фудбал.

– Жолтиот дрес кој го носат бразилските спортисти е повеќе од обичен дрес, исто како што фудбалот е повеќе од игра во нашата земја. Тие кои го носат дресот треба да ги претставуваат и бранат вредностите на целата земја која ја презентираат.

– Засрамувачки е кога спортистите се осмелуваат да извршат такви перверзни дела, затоа што мислат дека спортските успеси ќе ги спасат од одговорност, – рекол Родригез, истовремено извинувајќи им се на оние кои беа сексуално нападнати во двата случаја.

Робињо беше уапсен долго време откако доби затворска казна, додека Дани Алвеш неодамна заработи казна од четири и пол години, но одлуката е обжалена од сите инволвирани во процесот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни