Воскресението христово беше одбележано и во храмовите на Дебарско-кичевската епархија. Митрополитот Дебарско-кичевски Тимотеј и оваа година ја објави веста за Воскресението од од Светиклиментовиот манастир на Плаошник во Охрид.
Воскреснатиот Христос го прославивме со свечена Воскресна Литургија, на којашто чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Кирил Јованоски, еромонахот Никодим и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Од Плаошник го поздравивме и неизбројниот верен народ со Велигденското послание, испратено од Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Истото ви го пренесуваме во целост, велат од епархијата.