МВР се уште трага по напаѓачот кој рани две лица во Арачиново

МВР се уште трага по напаѓачот кој рани две лица во Арачиново. Вооружениот напад со автоматско огнено оружје се случи вчера среде бел ден во скопско Арачиново.

Целта на нападот според информациите бил градоначалникот на оваа општина, кој не е повреден, но двете лица кои биле во негова придружба се итно пренесени во скопските болници.

Од МВР најавуваат расчистување на случајот, а од обвинителството преглед на снимките од околните објекти.

Официјано мотивите за нападот не се познати, а се шпекулира за стари нерасчистени сметки за имот. Инаку Основното јавно обвинителство неодамна повело постапка против двајца браќа за загрозување на сигурноста на градоначалникот Ибраими бидејќи осомничените, на возраст од 35 и 42 години, во повеќе наврати телефонски му се заканувале.

Откако градоначлникот ги пријавил, тие преку вибер продолжиле да упатуваат сериозни закани по неговиот живот.