Меси ја надмина магичната бројка, светски рекорд кој тешко дека некогаш ќе биде достигнат

Лионел Меси продолжува да поставува стандарди кои тешко дека некогаш ќе бидат достигнати во фудбалот. На последниот меч во дресот на Интер Мајами, Меси блесна и само во едно полувреме успеа да даде гол и да намести пет погодоци во убедливата победа од 6:2 против Њујорк ред бул.

Со ваквиот учинок, Меси успеа да ја надмине магичната граница од 1.200 голови и асистенции во кариерата. Аргентинскиот виртуоз сега има 833 погодоци и 372 асистенции што значи дека директно влијаел и учествувал во постигнување на неверојатни 1.205 погодоци.

Ваков скор немал никој никогаш во историјата на фудбалот, а Меси покажува дека уште е во одлична форма и уште може да доминира посебно на терените во САД.

- Оглас -

Најнови вести