Поврзете се со нас

Свет

Бразилскиот селектор испорача „бомба“ и изостави една голема ѕвезда за Копа Америка (Фото)

Објавено

на

Foto: Joilson Marconne/CBF

Доривал Жуниор по своето пристигнување како бразилски селектор најави мала „чистка“ во репрезентацијата, но иако тоа не можеше да се насети на првата листа која ја достави, оваа втората е значително повпечатлива.

Новиот бразилски селектор го објави списокот на повикани фудбалери за Копа Америка, а на турнирот кој ќе биде актуелен претстојново лето нема да гледаме неколку бразилски ѕвезди кои доскоро беа дел од првиот тим.

Најголема „бомба“ е изоставувањето на Касемиро кој има очајна сезона во Манчестер Јунајтед, но во потесниот круг од 23 играчи не се најдоа и Ришарлисон од Тотенхем и Жезус од Арсенал.

Меѓу повиканите не е и Витор Роке кој забележа голем пад во формата по трансферот во Барселона, но затоа во конечната листа се најде Ендрик кој веќе е најавен како идна голема ѕвезда на Реал Мадрид.

Лидер на новата генерација на Бразиле ќе биде Винисиус Жуниор кој игра во страшна форма во Реал Мадрид, особено во ситуација кога во репрезентацијата го нема повредениот Нејмар.

Листа на повикани играчи:

Голмани: Алисон, Едерсон и Бенто
Одбрана: Данило, Јан Коуто, Бералдо, Маркињос, Милитао, Габриел, Арана, Вендел
Среден ред: Андреас Переира, Бруно Гимараеш, Даглас Луиз, Жоао Гомеш, Пакета
Напад: Ендрик, Еванилсон, Мартинели, Рафиња, Родриго, Савињо и Винисиус

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни