ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
На ВЛЕН не и се дозволува да го одржи централниот завршен митинг на плоштадот Македонија
На ВЛЕН не и се дозволува да го одржи централниот завршен митинг на плоштадот Македонија
Нa Коалицијата ВЛЕН не и се дозволува да го одржи централниот завршен митинг на плоштадот Македонија. За ова го обвинуваат градоначалникот на Сарај, Блерим Беџети и градоначалничката на Скопје Данела Арсовска. Централниот собир на ВЛЕН ќе се одржи на плоштадот Скендербег во Скопје.
„До денеска не добивме никаков одговор, што значи дека одговорот е негативен. Оваа одлука ја донесоа градоначалничката Данела Арсовска и Блерим Беџети заедно со Левица во коалиција, во паника да ја оневозможат коалицијата ВЛЕН да одржи митинг“, рече Башким Хасани, ВЛЕН.