Почнува плејофот во Евролигата: Шоуто стартува во Атина…

Со вечерашниот дуел меѓу Панатинаикос и Макаби во Атина и официјално ќе биде означен стартот на плејофот во Евролигата, во кој осум екипи влегуваат со иста желба, свесни дека само за четири од нив ќе има место на фајналфор турнирот што годинава од 24 до 26 мај ќе се одржи во Берлин.

Панатинаикос ќе ја има улогата на благ фаворит, пред се пораид предноста на домашниот терен, во серијата против Макаби, но израелскиот тим со извонредната форма во последните два месеца покажа дека може да се носи со буквално секој противник. Главна задача за Атаман ќе биде да најде начин да ги неутрализира Болдвин и Браун, двајцата американски плејмејкери од кои во целост зависи играта на Макаби во нападот. Слукас сигурно ќе биде главен адут на „зелените“ од Атина заедно со Американецот Кендрик Нан, а интересна ќе биде и борбата под обрачите меѓу Матијас Лесор од едната и Џош Нибо на другата страна.

Реал Мадрид е бранител на трофејот освоен лани, а „кралевите“ ја имаат улогата на големи фаворити во четвртфиналната серија против Басконија. Тимот на Душко Ивановиќ изненадувачки славеше во Мадрид во претпоследното коло, но тоа беше меч без никакво резултатско значење за Реал додека Басконија токму со таа победа направи џиновски чекор кон плејин доигрувањето.

Ивановиќ се соочува со огромен проблем бидејќи Чима Монеке нема да биде во тимот за првите две средби во Мадрид, на кои шутот од далечина повторно ќе биде главно оружје на тимот на Басконија.

Се вчитува...