29 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"ГГ3+" е посигурен тип од владеачката коалиција!

“ГГ3+” е посигурен тип од владеачката коалиција!

По неколку години иницијативи за дислоцирање на спортските обложувалници од централните градски подрачја процесот завршува во корист на приредувачите на игрите на среќа.

Да нема ваков тип на објект најмалку 500 метри до образовна институција по се изгледа дека беше преголем залак за една од владеачките партии. Одбивањето и да биде потпишан указот на законот од актуелниот претседател, веќе се шпекулира дека тоа е и една од причините што на следниве двојни избори владеачката коалиција ќе настапува индивидуално, а не како партнер.

Од секторот пак кој вработува околу 10 илјади граѓани во земјава се задоволни што по втор пат пратениците не дадоа зелено светло за усвојување на предлог законското решение, кое велат дека негативните последици сериозно ќе влијаеле на дејноста на финансиски план, но на терен ќе преовладувале обложувалниците кои ќе работат на црно. Засега нема реакција од здружението кое беше најгласно против работата на обложувалниците во Македонија.

Ова е втор пат за неколку години како политиката застанува на страната на обложувалниците. Законските измени не се изгласани од страна на пратениците за дислокација на сите дуќани кои се до училиштата и се потенцијална во прво време забава за младите, а потоа и голема страст. Но, од ова нема ништо да се случи само доколку обложувалниците не дозволуваат влез на малолетни лица. Законот во Македонија не дозволува влез на граѓани под 18 години да бидат дел од овие игри на среќа, па затоа и самите организатори на овие игри бараат државата да спроведува поголеми контроли во нивните објекти за да се увери дека бизнисмените од овој сектор ги почитуваат законите. Уште еднаш тие велат дека се задоволни од одлуката и дека позади овие таканаречми грижи на дел од парламентарното мнозинство, се крие бизнис интерес, велат до Асоцијацијата на спортски обложувалници.

Нашата дејност не поттикнува млади да играат игри на среќа, туку постојано работиме на нивна заштита. Истовремено, како општествено одговорни компании, годишно вложуваме десетици илјади евра за спроведување на кампањи за едукација на играчите, а воедно 100% ги почитуваме актуелните законски норми и правила поврзани со нашата дејност, плаќаме даноци и со тоа постојано ги зголемуваме буџетските приливи“, велат од АСОМ.

И од второто здружение кое беше засегнато од предлог измените на законот кој не помина во собраниска процедура, велат дека пратениците гласаа во корист на уставно загарантираното право на работниците, а тоа е правото да работат.

Здужението пак на автомат клубовите АПИС е на став дека во никој случај не треба оваа дејност да се става во политички контекст, и да се користи за политички цели. А дека регулативата во земјава е со европски стандарди, според нив покажале и реакциите на неколку европски држави кои јасно дадоа до знаење дека нема ништо европско во носење на предлог измените по брза постапка или со европско знаменце.

„Погрешен е впечатокот дека ние однапред сме против законски измени. Ние сме против популистички, политички и бизнис мотивирани одлуки кои практично се косат со уставниот поредок. Ние сме претставници на реномирани странски компании од ЕУ и сметаме дека со нашето практично искуство можеме да дадеме свој придонес во еден широк консултативен процес во кој ќе учествуваат сите засегнати страни за да се дојде до законски решенија кои ќе дадат одговори за грижите на граѓаните, наместо да создадат хаос и безредие со крајно штетни последици, кои многу тешко ќе се санираат.“

Интересно е тоа што од здружението Антикоцкање за овие неколку дена колку што помина од гласањето на предлог законот за игри на среќа, нема никаква реакција. А тие беа најгласни против сегашните правила и не само што бараа да нема обложувалници во близина на училишта, туку сакаа тие да бидат тргнати од градските средини. Слични вакви обиди преку закон поминаа во албанскиот парламент. Таму власта успеа да ги затвори обложувалниците со намера граѓаните да трошат помалку пари на игри на среќа. Но, по неколку години според информациите во Албанија коцкарници на црно се отвораа буквално на секое ќоше. Сега, тамошната власт се покаја од таа одлука, ја поништи и повторно ги дозволи игрите на среќа.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП