Силјановска-Давкова: За христијаните нема поголем празник од Велигден

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Денеска кандидатката за претседател на државата, Гордана Силјановска Давкова честитајќи го Велигден пред Соборниот храмбп Скопје изјави дека ,,нема за христијаните поголем празник’’.

– Како се чувствувам? Како и секој од вас. Што би рекол епископот, како возљубена родољупка. Црквата е домот. Патот ни го покажува Христос. Тоа е патот на љубов, на добрина, на почит, мислам дека треба да го следиме. Јас сум решила тоа да го правам и ќе продолжам, рече таа.

Според Силјановска Давкова, собирањето е најважниот чин во христијанството, а Црквата е не само главата и телото Христово и нема поубав ден од овој, кога се поздравуваме со „Христос воскресна – навистина воскресе“.