• сабота, 04 мај 2024

Конференција „Како да комуницираме за животната средина во растечката еколошка криза: практични искуства и нови перспективи“

Конференција „Како да комуницираме за животната средина во растечката еколошка криза: практични искуства и нови перспективи“

Скопје, 27 март 2024 (МИА) - Конференција „Како да комуницираме за животната средина во растечката еколошка криза: практични искуства и нови перспективи“, ќе се одржи денеска во Скопје во организација на Институот за комуникациски студии (ИКС).

Како што најави ИКС, на конференцијата, домашни и странски говорници ќе зборуваат за нивните специфични аспекти и искуства и ќе понудат нови перспективи и приоди за комуникацијата за животната средина. 

- Во време на растечка еколошка криза, граѓанските организации и инцијативи, академскиот сектор, бизнисите и јавните институции треба сè повеќе да преземаат одговорност за своите постапки и да комуницираат за животната средина. Комуникацијата за животната средина помага да се влијае врз јавното мислење, промена на однесувањето, застапување за политики и донесување закони. Таа овозможува граѓаните да ги разберат еколошките проблеми и загриженоста за животната средина и климатските промени, како и да се вклучат во зачувувањето на природните ресурси, информира ИКС. 

Конференцијата е во рамки на проектот „Популаризирање на комуникацијата за животната средина преку онлајн учење и виртуелна мобилност“, што ИКС го спроведува во партнерство со универзитетите во Загреб, Нови Сад, Сараево и Тирана, а е финансиран од програмата ЕРАЗМУС+. ар/лв/
Фото: МИА архива 

Остани поврзан