Поврзете се со нас

Шпанија

Гаѕанига одбрани пенал со лице, Џирона се поблиску до историски успех (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/GironaFC

Џирона е убедливо најпријатно изненадување во Шпанија оваа сезона, па иако битката за титулата веќе не е во игра, малиот каталонски клуб се бори за историски пласман во Лигата на шампионите.

Тимот на Мичел ги освои симпатиите на Пиринеите и многу неутрални фанови навиваат за Џирона, која денеска направи уште еден исчекор кон обезбедување на топ четири.

Џирона победи на гостувањето на Гран Канарија кај Лас Палмас и славеше со 0:2, а покрај стрелците на погодоците, клучен во овој триумф беше и голманот.

Аргентинецот Пауло Гаѕанига доби највисока оценка и беше избран за играч на мечот, сето тоа како последица на некоклку врвни одбрани, од кои и пеналот при резутлат 0:0.

Голманот на Џирона ја прочита намерата на Сандро, но му го одбрани ударот со глава и се жртвуваше за својот тим да ја одбрани мрежата. Пауло заработи класичен нокаут, но иако доби лекарска помош, можеше да го продолжи мечот, во кој подоцна Лопез и Довбик стрелаа за победа од 0:2.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни