Најопасната планинска патека на светот! Само ако ја погледнете ќе ви се заврти во главата

Патеката на планината Хуашан во Кина се смета за најопасна во светот.

Планинарите мора да носат ремен додека ја минуваат оваа патека и им се советува да не гледаат надолу .

Иако оваа планина нуди поглед на спектакуларни предели, само еден поглед на патеката ќе ви ја залади крвта. Посебно опасен дел од планината е патеката на источната страна на Јужниот врв, која се состои од низа тесни дрвени даски.

Се верува дека преминот бил изграден од таоистички свештеник по име Хе Кизен пред повеќе од 700 години. Иако патеката е поддржана, таа изгледа прилично застрашувачка, особено затоа што е двонасочна – некои планинари патуваат кон врвот, додека други се спуштаат од него.

планинарење

Иако не е официјално потврдено, се вели дека околу 100 луѓе годишно умираат обидувајќи се да ја поминат патеката, а од безбедносни причини задолжителни се безбедносните појаси. Појасите може да се купат и пред преминот, но според планинарите не се доволно квалитетни.
Дополнително, на лицата постари од 55 години или пониски од 150 сантиметри им се препорачува да не се обидуваат да ја преминат патеката. Колку е патеката застрашувачка, најдобро зборуваат искуствата на планинарите.

 – Најтешко е да ги заобиколиш луѓето што доаѓаат во спротивна насока на штиците и да одиш по стрмните тесни скали до цврстото тло. „Се исплашив до смрт правејќи го тоа “, напиша еден планинар на Редит.